Селекторот на “каубоите“ на својот список има двајцата вардарци, станува збор за централните бекови: Лука Циндриќ и Игор Карачиќ. Циндриќ во црвено-црниот дрес му преостанува уште евентуално еден натпревар против Металург во последното коло од домашната лига, Карачиќ останува верен на вардаровиот тим и идната сезона. Првиот меч помеѓу Хрватска и Црна Гора ќе се игра во Осијек (9 јуни), а реваншот е пет дена подоцна во Подгорица (14 јуни).