Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Лакрдија, Димитровски поради успехот на СП на “дисциплинска“ пред фамозната “Девет чуња”

Куглање: Лакрдија, Димитровски поради успехот на СП на “дисциплинска“ пред фамозната “Девет чуња”

Голема лакрдија се случува во македонското куглање, овде дефинитивно трудот, желбата и успехот се најголеми “злодела“ за самоименуваните раководни лица кои сакаат да глумат федерација. “Фотељашите“ кои го “киднапираа“ менаџирањето со македонското куглање својата неспособност и неажурност сакаат да ја искалат на претседателот на КК Вардар, Димитар Димитровски. Тој изменаџира настап на СП, учество на МАКЕДОНИЈА по пола деценија на голем настап, го врати женското куглање на мапата и му овозможи на Влаќевски Бојан да биде во топ-8 на светот. Сепак тоа е “грев“ според закоравените структури кои го водат македонското куглање на ниво на комбинат во минатото.

Здружение на граѓани под име ДЕВЕТ ЧУЊА кое функционира наместо КФМ која дефакто не постои поради блокирана сметка, реши да се пресметува со врвни кугларски величини, неистомисленици и добродетели на кугларскиот спорт кој е на изумирање ради ваквите “водачи” на спортот. Она што не сакаа и не се ни потрудија да го остварат, а тоа е настап на Македонија на светско првенство после 5 годишна пауза, тоа го оствари Димитар Димитровски, најеминентниот куглар и спортски работник во последниве 15 години. Со сопствени средства и труд ги одведе моментално најдобрите македонски поединци Бојан Влаќевски и Борис Бенедик кои се наши репрезенти во Европа настапувајќи за екипи од светскиот врв во овој спорт. Дополнително, Димитар успеа на голема врата да го врати и женското замрено куглање со одведување на две наши најдобри кугларки Тања Трпковска и Билјана Гаврилова. 

99999
Фактот дека некој сам успеал сето ова да го оствари, плус фактот дека Бојан Влаќевски влезе меѓу најдобрите 8 во светот, ги разгоре личните суети и комплекси кај “водачите” на здружението 9 чуња кои си играат федерација и го унакажуваат македонското куглање: Гоце Чипишков од Империјал Тобако, Љубомир Тодоровски од Макпетрол и Ристо Петров од 18 Август. Овие тројца кои сами си се состануваат и си играат федерација, се дрзнаа да поведат случај за дисциплинска постапка за учесниците на СП, само зашто некој го направи она што тие не ни помислија да го направат грижејќи се само за личните интереси од овој мал спорт. “Опозиционерите” се решени правдата да ја истуркаат до крај, да се заштитат кугларските вредности и величини, и да се исчистат штетните влијанија и луѓе од куглањето кои го доведоа до најниските гранки во историјата.