Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Од петокот до 20.јуни е летниот преоден рок во МКЛ, Вардар го задржува целиот ростер
Куглање: Од петокот  до 20.јуни е летниот преоден рок во МКЛ, Вардар го задржува целиот ростер

Куглање: Од петокот до 20.јуни е летниот преоден рок во МКЛ, Вардар го задржува целиот ростер

Kaко што известија  од Кугларска федерација на Македонија за клубовите учесници во Македонската кугларска лига, летниот преоден рок почна на 01.06.2018, а завршува на 20.06.2018 во 12часот. Истиот ден во 13-00 часот регистрациона комисија ќе оддржи состанок, каде ќе ги верификува примените материјали.

Во црвено-црниот табор се очекува задржување на целиот моментален росер кој го има на располагање кормиларот Драги Димитровски и со кој дојде до вице-шампионската титула во МКЛ. Покрај нив можно е враќање на уште еден поранешен играч во редовите на црвено-црните, но за тоа потоа кога ќе биде потврдено евенуталното реализирање на истото ќе ве известиме.

Вардар до вице-шампионската титула дојде со следниот ростер: Дарко Димитровски,  Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски (капитен), Бранко Митиќ,  Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски.