Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен ден пред една година, Вардар ја победи Барселона во Келн и обезбеди историско финале
На денешен ден пред една година, Вардар ја победи Барселона во Келн и обезбеди историско финале

На денешен ден пред една година, Вардар ја победи Барселона во Келн и обезбеди историско финале

На денешен ден пред една година, голема радост ни донесе РК Вардар кој успеа во полуфиналето на завршниот турнир во Келн да ја победи екипата на Барселона и да се пласира во големото финале, кое наредниот ден го доби против ПСЖ и на тој начин за прв пат во историјата ја освои Европската титула.

Во еден неизвесен натпревар, црвено-црните со гол во последните секунди на Лука Циндриќ успеаа да ја срушат големата Барселона и да се пласираат во финалето. Вардар на тој дуел успеа да победи со резултат 26:25.