Kaко што известија од Кугларска федерација на Македонија за клубовите учесници во Македонската кугларска лига, летниот преоден рок почна на 01.06.2018, а завршува на 20.06.2018 во 12часот. Истиот ден во 13-00 часот регистрациона комисија ќе оддржи состанок, каде ќе ги верификува примените материјали.
Во црвено-црниот табор се очекува задржување на целиот моментален росер кој го има на располагање кормиларот Драги Димитровски и со кој дојде до вице-шампионската титула во МКЛ. Покрај нив можно е враќање на уште еден поранешен играч во редовите на црвено-црните, но за тоа потоа кога ќе биде потврдено евенуталното реализирање на истото ќе ве известиме.
Вардар до вице-шампионската титула дојде со следниот ростер: Дарко Димитровски, Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски (капитен), Бранко Митиќ, Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски.