Раул Гонзалез човекот кој успеа да освои се со екипата на Вардар. Како нов тренер на црвено-црните е промовиран на 23-ти јануари 2014 година и од тој период на четири пати по ред го освојуваше трофејот во првенството и петти последователен во купот на Македонија, како и еден супер куп на Македонија. Успеа да освои три титули во СЕХА-лигата со Вардар и онаа најдрогоцената од Лигата на Шампионите, кога минатата сезона, Вардар ја покори Европа. Со богата колекција од трофеи се одјави од Вардар, Скопје и Македонија, а следна негова дестинација е ПСЖ
Медија тимот на СЕХА-лигата направи посебно и емотивно видео, како “збогум“ за Раул Гонзалез од Вардар.Голема благодарност за “Ел Команданте“ за прекрасните години во Вардар.