Вчера, ФК Вардар славеше и на вториот тест-меч во Словенија, момците одиграа одличен натпревар и сосема заслужено со резултат 1:2 (1:1) се радуваа на победа против Домжале. Головите за нашиот тим ги постигнаа Исени во првото полувреме на одлична асистенција на Мицевски и Марковиќ во вториот дел, за домаќинот погоди македонскиот интернационалец Ибраими во 19. минута.