Генерацијата на РК Вардар родени “2002“ година кои ја освоија пионерската лига, паралелно се натпреваруваа и во повозрасната категорија, екипи составени од играчи родени “2000“ година, односно во кадетската лига. Избраниците на Андријана Будимир направија голем успех со пласманот на завршниот турнир и освојување на бронзениот медал, во конкуренција на 18 екипи, кои земаа учество, поделени во три групи. Во регуларниот дел на сезоната, кадетите беа дел о групата 3 во која го освоија првото место. Одигравме вкупно 13 натпревари, на кои имавме 12 победи и 1 нерешен резултат, без ниту еден пораз. Имавме втор најдобар напад со постигнати 424 и прва најдобра одбрана со примени 234 голови.
Ова се сите постигнати резултати на кадетите на РК Вардар во регуларниот дел на сезоната:
1 коло: Вардар – Шампион 39:11
2 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 22:46
3 коло: Вардар – Пролет 62 31:26
4 коло: Металург - Вардар 25:26
5 коло: Вардар – ГРК Гостивар 35:15
6 коло: Вардар – Војнисон Вардар 38:11
7 коло: Бутел – Вардар 24:32
8 коло: Шампион – Вардар 0:10 ( службено)
9 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 35:21
10 коло: Пролет 62 - Вардар 21:24
11 коло: Вардар – Метаург 23:23
12 коло: ГРК Гостивар – Вардар 18:39
13 коло: Војнисон Вардар – Вардар 17:46
На завршниот турнир кој се одигра во Прилеп, го освоивме третото место. Најпрво во полуфиналето бевме минимално поразени од екипата на Струга (28:29), за во малото финале да ја победиме екипата на Астраион од Струмица, дури по изведување на седмерци (26:27), откако во регуларниот дел мечот заврши без победник (23:23). Првото место беше за домаќинот на овој Ф4, тимот на Прилеп кој ја совлада Струга во финалето на кадетската лига. На крајот беше избран и најдобриот тим на завршниот турнир, како и најдобар стрелец. Токму играчот на Вардар, Бојан Чакалиќ е најдобар стрелец на завршниот тим, додека во идеалниот тим се најдоа уште двајца вардарци. Давид Савревски е најдобар десен бек, додека Симон Калајџиески е најдобро десно крило.