Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Македонија со победа го започна Европското првенство М18, Какруки одличен другите двајца вардарци со “епизодна“ улога
Кошарка: Македонија со победа го започна Европското првенство М18, Какруки одличен другите двајца вардарци со “епизодна“ улога

Кошарка: Македонија со победа го започна Европското првенство М18, Какруки одличен другите двајца вардарци со “епизодна“ улога

Од вчера во  Скопје се одржува Европското првенство за јуниори (дивизија Б), а селекторот Панче Милевски ги предводеше своите избраници до победа. На првиот натпреварувачки ден, Македонската јуниорска репрезентација го отвори првенството со победа над соодветната репрезентација на Исланд со 60-62.

Натпреварот го отворивме со пониска самодоверба од посакуваното, но реализација не изостана. Поведовме со 0-7, по што следеше мало опуштање во нашиот табор. Предноста нашите противници успеаја да ја стопат, па на полувремето се разделивме со три поени негатива (27-24). Во вториот дел од натпреварот наизменично имавме успони и падови во играта, па конечниот победник се одлучи на неколку секунди пред крајот на натпреварот. Во составот за овој меч како што беше најавено имаше три момци од КК Вардар.

Валмир Какруки беше најистакнат од вардарци, тој  беше стартер одигра дури 31:42.минути. За време на истите постигна 9 поени. Другите двајца кошаркари од црвено-црниот тим, Андреј Данилов и Благој Димитриев  кои играат во оваа селекција имаа епизодни улоги на овој меч.