Голмански тренинг со Слободан Мутибариќ кој работи како тренер во младинските категории на Вардар и со Ѓоко Тасевски кој има своја школа во Америка, Брајден Ривер во која членуваат над 2000 деца. Дел од тренингот се голманите кои се дел од Вардар. Се работи за Лука Стојковски и Горазд Гигов, како и Стефан Тасев и Васко Василев, кои моментално се дел од академијата на ФФМ, каде преминаа од вардаровата генерација “2004“, Во Академијата се уште една година, по што ќе се вратат во Вардар.
Погледнете го овој голмански тренинг, со големи тренери, но и надежни млади голмани.