Фудбалскиот клуб Вардар денес во Кратово ќе го одигра последниот тест-дуел пред почетокот на првата лига во сезоната 2018/2019 година. Почетокот е закажан за идната недела на 12.август, со дербито во Тетово против ФК Шкендија, актуелниот шампион кој дојде до титулата прекинувајќи ја низата од три титули на нашиот љубимец.
На почетокот од сезоната не очекуваат пеколни четири кола од кои дури во три ќе гостуваме и кој ќе се знае во која насока ќе тргне сезоната. Во првите две кола на 12-ти и 19-ти гостуваме во Тетово кај Шкендија и Ренова. Потоа не очекува домашен дуел со новиот прволигаш на ФК Македонија Ѓорче Петров од кој минатата недела бевме совладани во пријателски дуел, а пак во четвртото коло повторно не очекува гостување. Играме во Струмица кај повратникот во најсилната конкуренција екипата на ФК Беласица. Овие четири кола се пресудни за нашите амбиции, но и за “огненото“ крштевање во првата лига на реконструираниот тим на Вардар. Се надеваме на поволен развој на настаните.
ВОВЕДНИТЕ ПЕТ КОЛА
1. | Шкендија – Вардар | 12.08.2018 | 17:00 |
2. | Ренова – Вардар | 19.08.2018 | 17:00 |
3. | Вардар – Македонија ЃП | 26.08.2018 | 16:30 |
4. | Беласица – Вардар | 01.09.2018 | 16:15 |
5. | Вардар – Шкупи | 16.09.2018 | 15:30 |