Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) Кугларскиот клуб Вардар го промовираше официјалниот плакат за Интернационален турнир “8-ми септември

(ФОТО) Кугларскиот клуб Вардар го промовираше официјалниот плакат за Интернационален турнир “8-ми септември

ga

Kугларскиот клуб Вардар ќе биде домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на  вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Овој силен собир   ќе се одржи  в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република  Македонија.

Вардар го промовираше официјалниот плакат за овогодинешното издание на турнирот. На него се внесени  учесниците, шест екипи од четири екс-Ју републики. Србија ќе има два тима, екипи кои завршија на првите две позиции лани, а  по еден преставник ќе имаа од Хрватска и Словенија. Покрај тоа назначена е локацијата на одржување генералниот покровител, втора година тоа е Градот Скопје и спонзорите и помагателите на овој меѓународен кугларски настан.