Новиот селектор на македонската младинска фудбалска репрезентација до 21 година, Добринко Илиевски го објави списокот од 22 фудбалери на кои ќе смета за дуелите со Србија на гости и за дуелот против Ерменија идниот месец во Скопје.
Новиот селектор повика многу новајлии, кои во минатото беше дел од помладите селекции. На списокот се најде и еден играч на Вардар, се работи за Тодор Тодоровски. Во составот се и Дарко Чурлинов поранешниот младински играч на Вардар, како и надежите Михаил Маневски, Филип Трајановски, Енис Фазлагиќ, Јани Атанасов..