Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Јованчев и момците по успехот на ЕП на прием во Македонската кошаркарска федерација
Јованчев и момците по успехот на ЕП на прием во Македонската кошаркарска федерација

Јованчев и момците по успехот на ЕП на прием во Македонската кошаркарска федерација

Кадетската машка репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство во дивизија Б и се пласира во дивизија А. Раководството на Македонската кошаркарска федерација, вчера во своите простории одржа прием со членовите на оваа репрезентација – кошаркарите како и членовите на стручниот штаб. Во ова селекција имавме седум вардарци на ЕП.

Селекторoт на оваа селекција е вардаровиот тренер Јованчев Александар, ментор и кординатор беше Бране Андриевски, тренер во селекцијата е и Асаданов Александар. Четири играчи земаа учество во оваа селекција: Марко Величковски, Груевски Никола, Лука Савичевиќ и Богдан Мирковски.

bk99999999

Најпрво, сакам да се заблагодарам на федерацијата која ме остави две години и шест месеци да работам со овие деца. Кога почнавме да работиме, имавме проблем со националното чувство кај децата. Тешко беше да се работи со деца и да им се стави до знаење дека националниот дрес е над се и пред се. Кога дојдовме на ЕП, децата дадоа се од себе на настанот, не беше тешко да се контролира. Сите оние турнири што ги игравме во минатото, помогнаа да целиот настан биде полесен за нас. Турнирот во Скопје, како и тестовите во Белград беа за нас Европско првенство пред настапот на ЕП. Со репрезентативците имам одличен однос, има перспективни играчи. Мора да продолжат да работат. Федерацијата го направи првиот чекор, се надевам дека ќе продолжат и во иднина да се градат млади играчи. – Дополни селекторот на оваа репрезентација, Александар Јованчев и му врачи еден од освоените медали на Претседателот Наумоски.