Македонската фудбалска репрезентација до 17 години се наоѓа во Малта, каде денес и во четврток ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција, додека на 26-ти август ќе одиграме со селекцијата на Малта до 19 години.
За овие натпревари, селекторот на Македонија, Марио Вујовиќ во Малта понесе и четворица играчи од Вардар. Се работи за Анатолиј Петејчук, Александар Ѓурковски, Филип Андоновски и Азер Омерагиќ.