Ракометниот клуб Вардар влегува во последната фаза од летните подготовки пред почетокот на официјалната сезона во СЕХА регионалната лига. Ние во летниот подготвителен период базичните подготовки ги имавме во Словенија, а потoа одигравме натпреварите на турнирот во Германија и Супер купот натпревар во Струга. Следен и последен предизвик од овие подготовки за нашите ракометари што претстои е силниот турнир во Стразбур, Франција. Ние на истиот идеме со неповолна здравствена состојба во тимот, повеќе за тоа на нашиот сајт -овде.
Момците полетуваат утре, овој собир кој ќе трае од утре, четврток се до недела. Нашиот колектив по вторпат ќе биде дел од овој турнир. Ова издание на него ќе имаме силни ривали, сите дел од ЕХФ Лигата на шампионите, а на истиот се учесници и последните два прваци на стариот контитнет, вардарци и француски Монпелје. Екипите се поделени во две групи. Вардар е слободен на 23 август, и своите мечеви ќе ги игра во петок и сабота. Дуелите за пласман се закажани за во недела. Ние сме во група со ПСЖ кој ќе го предводи Раул Гонзлез и тимот на Мешков. Во другата група играат: Нант, Монпелје и Веспрем.
Распоред на натпревари
23 август
ПСЖ – Мешков (18,15 ч.)
Нант – Монпелје (20,30 ч.)
24 август
Нант – Веспрем (18,15)
ПСЖ – Вардар (20,15)
25 август
Вардар – Мешков (18,15)
Монпелје – Веспрем (20,30)
26 август
Во зависност од резултатите мечевите ќе се играат во следните термини
13-00 часот
15-00 часот
17-00 часот