Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Ќе обрнеме повеќе внимание на некои работи кои се покажаа како слабост, со цел да бидеме подобри во продолжението на првенството
Васоски: Ќе обрнеме повеќе внимание на некои работи кои се покажаа како слабост, со цел да бидеме подобри во продолжението на првенството

Васоски: Ќе обрнеме повеќе внимание на некои работи кои се покажаа како слабост, со цел да бидеме подобри во продолжението на првенството

Вардар паузата ќе ја искористи максимално со цел тимот да ги поправи своите грешки и да им се даде шанса на оние играчи кои помалку играат на утрешниот дуел со Македонија ЃП. Тренерот на Вардар истакна дека е задоволен, иако можеа да освојат уште два бода по овие четири кола.

„Паузата ќе ја искористиме максимално за да поправиме некои грешки кои се појавија во првите натпревари од првенството. Ќе обрнеме повеќе внимание на некои работи кои се покажаа како слабост, со цел да бидеме подобри во продолжението на првенството. За таа цел ќе одиграме и еден контролен натпревар против Македонија ЃП, што ќе ни овозможи да бидеме во натпреварувачка форма пред продолжението на првенството“, изјави тренерот на Вардар. 

„Осум бода од четири натпревари не е лош учинок, иако можевме да имаме уште два бода повеќе. Но, кога ќе се земе во предвид дека од четирите натпревари, три игравме како гости, тогаш оваа бројка е добра. Сега се фокусираме кон следните предизвици кои не оче::куваат, и посакувам и се надевам дека ќе бидеме уште подобри, и дека ќе продолжиме да освојуваме бодови“, рече Васоски.