Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлив прв триумф на генер. “2009„ , втора победа за генер. “2007„ на турнирот “Кул Куп„
Убедлив прв триумф на генер. “2009„ , втора победа за генер. “2007„ на турнирот “Кул Куп„

Убедлив прв триумф на генер. “2009„ , втора победа за генер. “2007„ на турнирот “Кул Куп„

Вардаровите генерации родени “2007„ и “2009„ година попладнево го одиграа второто коло на меѓународниот турнир “Кул Куп 2018„. Двете екипи забележаа победи, прва на турнирот за генерацијата “2009„, додека генерацијата “2007„ стигна и до вториот свој триумф.

Очигледно советите од тренерот Зоран Петковски после утринскиот пораз од екипата на Омладинац вродија со плод, па младите надежи на Вардар родени “2009„ година во едно сосема поинакво и подобро светло се претставија на денешниот меч против Фамос, кој го добија високо со резултат од 6:0. Самиот резултат говори што се случаше на теренот на цементарница. Уште од првата минута, црвено-црните тргнаа фуриозно кон голот на Фамос, а таквата игра на крајот им донесе прва победа на турнирот. Хет-трик на мечот постигна Јаков Стојковски, додека по еден гол беа дело на Дарин Михајловски, Андреј Кралевски и Максим Павловски. Во текот на утрешниот ден, оваа генерација ја очекуваат два натпревари.

vardarfans-gener-2007

Втора убедлива победа на турнирот и за избраниците на “Чунга Лунга„, кои ја наполнија мрежата на Тиквеш од Кавадарци. Вардарци од генер. “2007„ победија на крајот со резултат од 6:1. Одлично игравме и на овој натпревар, едноставно ја оправдавме улогата на фаворити. Стефан Младеновски повторно постигна два голови, како и на првиот утрински меч, а покрај него на дуелот со Тиквеш во листата на стрелци се запишуваа и Александар Грашески, Борјан Томовски, Емир Шаботиќ, како и новото засилување, Мицо Поповски.

Утре го играме последнио меч во групата, противник е тимот на Кул од Лисиче.