Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка се делегирани да го судат дуелот во Франција на кој се среќаваат екипите на Монпелје, кој ја брани титулата во ЛШ, и нашиот Вардар.
Овој дерби натпревар ќе биде дуел во рамките на првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Нашиот Вардар и оваа година ќе атакува на највисок пласман.
Дуелот ќе биде одигран идната сабота (15.09) со почеток од 17 часот и 30 минути.