Во периодот од 7-9-ти септември три генерации на ФК Вардар беа дел од турнирот “Кул Куп„ кој се играше на стадионот на ФК Цементарница. На крајот освоивме две први места со генерациите “2007„ и “2008„ , додека генерацијата “2009„ го освои второто место на турнирот.
На завршната церемонија се доделуваа медалите за најдобрите екипи, како и поединечни награди за најдобар играч на турнирот во секоја возрасна генерација. Стефан Младеновски од Вардар беше прогласен за најдобар играч на турнирот кај генерацијата “2007„, додека истава награда кај генерацијата “2008„ му припадна на Ненад Дамјаноски исто така од редовите на Вардар.