Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар постигнаа вкупно 27 голови во дуелите со Струга Трим Лум и обезбедија пласман во 1/4 финалето на купот
Кадетите и младинците на ФК Вардар постигнаа вкупно 27 голови во дуелите со Струга Трим Лум и обезбедија пласман во 1/4 финалето на купот

Кадетите и младинците на ФК Вардар постигнаа вкупно 27 голови во дуелите со Струга Трим Лум и обезбедија пласман во 1/4 финалето на купот

Денес на теренот во населбата Јане Сандански, своите осминафинални мечеви од купот на Македонија ги одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар, кои со убедливи победи ги совладаа врсниците од Струга Трим Лум и на тој начин се пласираа во најдобрите осум екипи од националниот куп.

Тренерот Таневски го започна мечот во следниот состав: Станковски, Манасиевски, Мирчевски, Ристовски, Андоновски, Хасановиќ, Попоски, Ѓурковски, Цури, Рушити, Османи.

Кадетите на Вардар со убедлива победа од 13:1 се пласираа во следната елиминациска рунда од националниот куп. Избраниците на Златко Таневски полесно од очекувањата успеаа да ја совладаат екипата на Струга Трим Лум. Голеадата на овој дуел ја отвори Малик Хасановиќ кој му донесе водство на Вардар, во 16 минута од натпреварот. По само една минута откако во игра влезе Мартин Спировски, на местото на Османи, овој играч успева да се запише во листата на стрелци и во 20 минута од мечот да го зголеми резултатот на 2:0. Интересно истиов играч ги постигна и следните три гола на овој дуел. Спировски Мартин беше стрелец и во 23, 29 и 40 минута за предност на црвено-црните од 5:0. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол, кога противничката мрежа ја затресе и Давид Ристовски, за на одмор да имаме убедливо водство од 6:0.

Малик Хасановиќ со гол го отвори и второто полувреме кога во 47 минута погоди за 7:0. Во 63 минута почесен гол постигна и противникот од Струга и тоа со удар од белата точка, за да го намали резултатот на 7:1. Само една минута подоцна, Вардар го врати голот преку Димитриј Попоски кој зголеми на 8:1. До крајот на мечот проследивме уште пет голови во мрежата на Струга Трим Лум. Два од нив беа дело на Мартин Спировски, додека по еден постигнаа Манасиевски, Ѓурковски и Игнатов.

Во игра влегоа уште и Спировски, Миленковски, Мирчевски, Зендели и Игнатов.

Убедливи беа и младинците кои славеа со резултат од 14:0 против врсниците од Струга Трим Лум.

Тренерот Андовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Радевски, Антовски, М.Младеновски, Наумчески, Адем, Ибиши, Бериша, Велковски, Реџепи, Димоски. 

Во игра влегоа уште и Пешевски, Тасев, Петковски, А.Младеновски и Мустафа.

Натреварот со гол беше отворен во 21 минута кога погоди Јакуп Бериша за водство од 1:0. Во 25 и 31 минута еден ист играч успеа да ја затресе противничката мрежа, тоа беше Џемал Ибиши, кој му донесе водство на Вардар од 3:0. До крајот на првиот дел постигнавме уште три гола, а тие беа дело на Бериша, Реџепи и Велковски, за на полувреме да имаме предност од 6:0. Голеадата во противничката мрежа продолжи и во второто полувреме, кога постигнавме нови осум голови. По само две минути игра во вториот дел погоди нововлезениот Александар Младеновски, за предност од 7:0. Во 50 минута втор гол на мечот за Фитор Реџепи, за предност од 8:0. Последните шест голови за црвено-црните на овој осминафинален дуел ги постигнаа Џемал Ибиши (2), за кој ова беше хет-трик, потоа нови два гола за Фитор Реџепи вкупно четири за него на овој натпревар, а во листата на стрелци се запишаа и Мустафа Јусуф и Бојан Димоски, за конечни 14:0 на вој меч.