Вчера во СЦ“Јане Сандански започнаа Супер лигата за РК Вардар Јуниор. Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков беа домаќини во деби колото сезонава на екипата на РК Радовиш, во дуел со голема борба најмладиот тим во лигата нашиот црвено-црн колектив дојде до машка победа со резултат 41:38 (21:21).