Вчера бешее финален ден на турнирот “Медвед“ кој се одржува во главниот град на Белорусија, Минск. На овој меѓународен турнир со светски рејтинг во борење, Владимир Егоров, настапува во категоријата до 57 килограми.
Егоров доби прилика да се бори за бронза откако неговиот сопирник кој го совлада 4:3 во 1/4-финалето обезбеди место во финалниот натпревар. Во дуелот противник на Владимир Егоров требаше да биде Михаел Иванов од Русија. Противникот, вчера не се појави на душекот, поради не појавување на ривалот од Русија победата беше доделена на Егоров. Со истата Владимир дојде до бронзата на овој силен меѓународен турнир.