Кадетите на ФК Вардар стигнаа и до втората првенствена победа, откако утрово на теренот во населбата Јане Сандански ја совладаа екипата на Ренова, со резултат од 2:1.
Тренерот Таневски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Зендели, Бојковски, Манасиевски, Мирчевски, Ристовски, Ѓурковски, Андоновски, Хасановиќ, Спировски, Игнатов,
Вардар можеше лесно да го отвори резултатот, кога на нафрлена топка од десната страна еден од гостинските играчи ја зафати топката, која заврши во стативата. Вардар имаше поголем посед на топка и постојано притискаше на противничката половина. Обид имаше и Зендели, кој шутирше во рацете на голманот. Екипата од Тетово се обиде во два наврати, во првиот шутираа покрај голот, додека во вториот над голот на Матеј Андов. Нова прилика имаа црвено-црните кога од десната страна нафрли Спировски, топката стигна до Игнатов кој со глава бие над голот на Ренова. Доминацијата вроди со плод, кога избраниците на Таневски го отворија резултатот.
Се играше акција од десната страна повлече Зендели, кој нафрли во противничкиот шеснаесетник, топката стигна до Спировски Мартин кој од прва бие и погодува за предност од 1:0. До крајот на првиот дел имавме уште два обиди за зголемување на резултатот. Игнатов и Ѓурковски беа играчите кои имаа можност, но шутираа само покрај голот. На одмор се замина со резултат 1:0.
На стартот од второто полувреме бргу успеавме да постигнеме и втор гол. Се играше акција од десната страна кога продре Хасановиќ кој додаде до Игнатов, овој од неколку метри успеа да ја затресе мрежата на Ренова, за предност од 2:0. Прва измена во нашите редови направи тренерот Таневски, од игра излезе Андоновски, на негово место е Цури. Добра прилика имаше Малик Хасановиќ кој два наврати биеше, но одбрани голманот на Ренова и спречи поголема негатива за својот тим.
Обид и за Ренова, кои од прекин бијат над нашиот гол, по што резултатот остане непроменет. Големо невнимание во нашата одбрана, недоразбирње на Андов со Мирчевски, кои оставија чиста ситуација, која не беше проблем за еден од играчите на Ренова да ја смести топката во нашата мрежа, за намалување на 2:1. Рушити е во игра на местото на Ристовски. Во игра влезе и Поповски, на местото на Игнатов. До крајот немаше големи возбудувања, мечот заврши со победа на Вардар од 2:1.
Во среда во Тетово, го играме заостанатото второ коло, против екипата на Шкендија.