Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Ибиши ја наполни мрежата на Ренова, младинците на ФК Вардар стигнаа до втор триумф
Ибиши ја наполни мрежата на Ренова, младинците на ФК Вардар стигнаа до втор триумф

Ибиши ја наполни мрежата на Ренова, младинците на ФК Вардар стигнаа до втор триумф

Убедлива победа за младинците на ФК Вардар, во рамките на 3.првенствено коло. На теренот во населбата Јане Сандански, избраниците на Ане Андовски ги победија врсниците од Ренова, со резултат 4:0.

41856549_2136194333334656_2177135359182241792_n

Тренерот Андовски стартуваше со следниве 11-сетмина: М.Велковски, Радевски, Млденовски, Наумчески, Тасев, Димоски, Адем, Д.Велковски, Бериша, Реџепи, Ибиши.

Вардар ја контролираше играта во првото полувреме и успеа да искористи најголем дел од шансите, од кои четири ги претворивме во погодоци.
Давид Велковски беше играчот кој успеа да го отвори резултатот, откако тргна акција од Али Адем, топката во противничкиот шеснаесетник стигна до Велковски, кој успеа да се запише во листата на стрелци, за предност на Вардар од 1:0. Тренерот Андовски бараше од своите играчи максимална ангажираност и борбеност на теренот, па очигледно беше високото водство на црвено-црните по првиот дел. Се обиде и Бериша од слободен удар, но биеше покрај голот на Ренова.

41991982_686827828362624_2121628185396248576_n

До крајот на првиот дел видовме хет-трик на Џемал Ибиши. Убав погодок постигна нашиот напаѓач и тоа со пета, откако противничкиот голман не успеа добро да ја исфрли топката, која стигна до Ибиши кој зголеми на 2:0. Како што напоменавме Вардар ги искористи своите прилики и работата ја заврши во првите 45 минути. Избраниците на Андовски ја зголемија предноста, кога на нафрлена топка од корнер на Димоски, повторно Ибиши е на вистинското место, кој го зголеми резултатот на 3:0. Пред да стигне нов погодок, се обиде и Велковски кој бие покрај голот. Иницијативата ја крунисуваме со уште еден гол, кога Ибиши со хет-трик го постави резултатот од 4:0 по првиот дел, откако нашиот напаѓач погоди по одлична асистенција од Реџепи.

41885521_245909082784322_7548382723249799168_n

Првата конкретна шанса во вториот дел ја имаше Вардар преку Јакуп Бериша, кој имаше обид, но одбрани голманот на Ренова. Следеаа минути кога гостинската екипа создаде две големи прилики за погодок, но одлично одбрани нашиот голман, Методија Велковски кој не дозволи неговата мрежа да биде затресена. Тренерот Андовски направи и две измени, од игра излегоа Наумчески и Д.Велковски, на нивно место се Петковски и А.Младеновски. Црвено-црните имаа шанса за нов гол, на нафрлена топка од корнер со глава биеше стоперот Младеновски, но успешно одбрани голманот на Ренова. Во игра се и Јусуф и Пешевски, на местото на Бериша и Реџепи. До крајот нема промени, Вардар слави со резултат 4:0.

Ова беше втора победа за вардаровите младинци, во среда не очекува гостување против Шкендија, во рамките на одложеното 2.коло.