Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар со 40+ го совладаа тимот на РК Филип од Прилеп
Кадетките на Вардар со 40+ го совладаа тимот на РК Филип од Прилеп

Кадетките на Вардар со 40+ го совладаа тимот на РК Филип од Прилеп

Денес во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански“ кадетската  екипа на Вардар беше домаќин на тимот  на РК Филип Вардар од Прилеп. Нашите девојки на овој дуел доминираа во сите сегменти на ракометната игра и однесоа победа со високи 40 гола предност. На семафорот имаше три “4ки’, ние триумфиравме со резултат 44-4 (19:4) на овој дуел, со напоменеа дека во вториот дел непримивме ниеден погодок во нашата мрежа.

a5 a6

Дуелот почна со целосна доминација на црвено-црните девојки кој дуелот го отворија со 5-0 на почетокот, противникот дури тогаш успеаа да постигне почесен погодок и да намали на 5-1. Во последната третина од натпреварот влеговме со високи 11 гола предност, ние водевме 12-1 пред почетокот на последните 10.минути. Само во следните две минути на овој дуел противникот беше израмнет со нас, двата тима постигнаа по два гола во противничките мрежи за 14-3. На пауза заминавме со 15 гола позитива, на семафорот во  големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански“ стоеше резултатот 19:4 во корист на нашиот тим.

a4

Девојките предводени од Анжела Платон и Марија Папуџиева фуриозно го отворија вториот дел, по 6.минути игра со голот на Коловска Александра поведовме со дваесет позитива, 24:4. Од тогаш па се до крајот нашите девојки одиграа пеколно во одбраната, имавме несовладливи голмани, перфектна игра пред нив, но и сето тоа го наградувавме со погодоци од конта-напади. Дадовме уште дваесет гола за победа со огромни 40 предност, ние триумфиравме со 44:4.

Кај нас две девојки имаа по десет гола, Коловска Александра и Тошевска Магдалена усепаа да бидат со двоцифрен ефект во нападот.

a