Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Половичен успех за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во дербито со екипата на Работнички
Половичен успех за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во дербито со екипата на Работнички

Половичен успех за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во дербито со екипата на Работнички

Денес на помошното играчиште на ФК Работнички, се одигра дербито во регионалната-скопска лига, кај генерациите родени 2004 и 2005 година, во кое се сретнаа екипите на Вардар и Работнички. Половичен успех забележаа нашите генерации.

Генерацијата на Вардар “2004“ го загуби дербито од екипата на Работнички, со конечен резултат од 2:1. Домашниот тим по првото полувреме имаше предност од 2:0.Во вториот дел Вардар најпрво намали на 2:1 со погодокот на Левент Ибраим, додека имавме шанса и да го израмниме резултатот, но Максим Милошевски не успеа да реализира удар од белата точка. Вардар на овој меч беше осетно ослабен за неиграњето на Гуџуфи, Павлески и Јаневски, кои имаат репрезентативни обврски во наредниот период.

Победа забележаа помладите вардарци, од генерацијата “2005„. Избраниците на Сашо Јанев славеа со резултат 2:3, со гол во последните минути од мечот. На овој интересен дуел, тимот на Работнички кој на клупата е предводен од Филип Арсовски, поранешен тренер во Вардар, успеа прв да постигне гол и да го отвори резултатот за 1:0. Сепак црвено-црните не помислија да се предадат па до крајот на првиот дел направија резултатски пресврт. Најпрво Матеј Гаштаров го израмни резултатот на 1:1, за по истекот на првиот дел, Никола Величковски да донесе резултатски пресврт и прва предност за Вардар од 1:2.

Во вториот дел по еден гол на двете страни, најпрво домаќинот на овој дерби дуел успеа да израмни на 2:2, но за нови три бода и голема радост на Вардар се погрижи голгетерот, Никола Величковски кој ја тресе мрежата на Работнички, за конечни 2:3 на овој натпревар од регионалната -скопска лига.