Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Канаје: Наидовме на силна одбрана, Вардар заслужено победи
Канаје: Наидовме на силна одбрана, Вардар заслужено победи

Канаје: Наидовме на силна одбрана, Вардар заслужено победи

Вардар со голема победа ја отвори новата сезона во Лигата на Шампионите и тоа во дуел против актуелниот шампион на Европа. Парондо дефинитивно добро го анализирал противникот, кој беше целосно запрен и не му дозволивме да се изнаигра. Противничкиот тренер, Патрис Канаје призна дека Вардар бил подобар на теренот, а дека неговиот тим направил многу грешки кои не се својствени за нив.

-Вардар заслужено победи, а ние сме разочарани и исфрустрирани. Имавме дури 13 технички грешки, а голем дел од нив не смеевме да ги направиме. Наидовме на силна одбрана, затоа што ги напаѓавме каде што се најсилни и каде што не смеевме да напаѓаме, истакна Канаје.

Следниот натпревар за Вардар е на домашен терен, против тимот на Кристијанштад.