Вардар денес го пречека тимот на ФК Шкупи во дуел од 5.коло во домашната лига. Нашите момци се надминаа во вториот дел и по негативата на полувреме победија со пресврт. Момците на Васовски триумфираа со резултат 2-1 (0-1) на мечот одигран на Стадионот “Борис Трајковски”.
Ние дуелот го почнавме со следниот тим, на голот Филип Гачевски, во одбраната Владица Брдаровски, Евгениј Новак, Коста Манев и Тодор Тодороски. Во средниот ред Филип Најдовски, Дарко Мицевски и Виктор Јуфо. На крилните позиции ќе играат Кларенс Битанг и Матеј Цветаноски како поддршка во нападот за Максим Максимов. Стрелци: Лира 53′, Новак 62′ – Сержињо 29′
По почетното испитување на силите, во 8.минута одлична шанса имаше тимот на Вардар, по центаршут од десната страна, Максимов од пет метри шутира над голот на Зендели. Во 16.минута слична ситуација, по корнер од десната страна, највисок во скокот беше Новак чии удар со глава заврши над гредата. Две прилики потоа имаа гостите, по обидот на Илијоски од околу 20 метри Гачевски лесно одбрани во 24.минута. Сепак пет минути потоа Бразилецот Сержињо шутна од 20 метри и погоди за 0-1. До крајот немаше ниедна прилика пред двата гола се до последната 45.минута. Бразилецот Јуфо се обиде со удар од над 20.метра топката закачи некој од одбраната и заврши во корнер, тоа воедно беше последно возбудување во првиот дел на Стадионот “Борис Трајковски“.
Вардар тргна офанзивно веднаш по првата судиска свирка во вториот дел. На почетокот веднаш двапати се заканивме и покажавме желба за брз гол. Следеше една одлична интервенција на Гачевски по обид на сино-белите од скопски Чаир. Конечно дојде до изедначување нашиот тим, бразилецот Лира со глава одлично реагираше пред Зендели и силно ја заби топката за 1-1. Веднаш потоа се обиде и Мицевски од дистанца, неговиот удар заврши во рацете на Зендели. Во вториот дел гледавме сосема друг Вардар, мотивиран и креативен. Конечно дојдовме до изедначување преку Евгениј Новак од неколку метра шутна и погоди во 62.минута. Потоа ние со креативна игра на теренот го трошевме времето, Шкупи при атаците наидуваше на организираната одбрана на вардарци која недозволуваше загрозување. Браво за момците кои покажаа карактер и усепаа да се вратат од “безната“ по 0-1 резултатот на полувреме.
По крајот на 5.коло врвот на табелата изгледа вака:
1. А.Пандев…..12 бода
2. Вардар…….11 бода
3.Шкендија…..11бода
4.Работнички…..9бода