Актуелниот шампион Работнички оствари убедлива победа против повратникот во Првата лига Вардар во контролен натпревар. Момците на Марин Докузовски славеа со 102:71 иако во еден период од мечот имаа предност и над 40 поени разлика.
Не играа Ѓорѓи Чековски и Виктор Ефремовски, но затоа трофејниот тренер им даде шанса на сите кошаркари вклучувајќи ги и младите играчи. Вардар се соочи со некои проблеми во составот последната недела, па високиот пораз делумно е последица и на тоа. Подобра слика за моменталната форма на екипата Дарко Радуловиќ може да добие в сабота на гостувањето кај Кожув.
извор:https://basketball.mk/