По дуелите со МЗТ Скопје, Работнички и КК Пелистер, црвено-црниот кошаркарски клуб “тестираше“ уште еден прволигаш со кого ќе се сретне во оваа сезона откако се врати во елитата. Вчера, КК Вардар гостуваше во Кавадарци кај екипата на КК Фени Индустри.
На овој дуел ние бевме ослабени за не играњето на двајца играчи кои се дел од костурот, станува збор за американецот Џун Провел и Павле Михајловски. Покрај тоа ние одигравме еден квалитетен тест-дуел со долгогодишниот прволигаш во кој бевме совлaдани со 12.поени разлика. Кавадарчани победија со резултат 82:70 на оваа средба.