Вчера младиот тим на Вардар Јуниор беше домаќин во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ на екипата на РК Прилеп 2010 од истоимениот град. Натпреварот повторно беше неизвесен како и првиот домашен дуел на момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, и повторно покажавме храброст и го совладавме повозрасниот и поискусен ривал, црвено-црните победија со резултат 29-28.