Вчера, на третиот натпреварувачки ден на Светскиот кугларски куп кој се игра во Запрешиќ, Хрватска последните двајца вардарци ги имаа своите настапи. Стојановски и Димитровски одиграа на патеките, тие беа последни кои ќе настапат на овој собир. Влатко Стојановски имаше повеќе од солиден настап, тој одигра коректно и зад своето име забележа скор од 587 “чуња“. Дарко Димитровски настапи последен и собори “560“ дрва за време на неговиот настап.