Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре гостува кај Охрид 2013, во дуел од 4.коло во Супер лигата
Вардар Јуниор утре гостува кај Охрид 2013, во дуел од 4.коло во Супер лигата

Вардар Јуниор утре гостува кај Охрид 2013, во дуел од 4.коло во Супер лигата

Младите ракометари на Вардар Јуниор одлично ја стартуваа новата сезона во сениорската конкуренција. Момците на Стојан Петрушевски на изненадување на многумина, иако најмлад тим во Супер лигата по првите три кола веќе имаат шест бода, со што се зад Еурофарм Битола и РК Струга на табелата кои имаат максимален ефект.

Нив викендов ги очекува нов предзвик. Црвено-црните во дуелот од 4.коло ќе бидат гости, тие ќе гостуваат кај тимот на РК Охрид 2013 во истоимениот град. Натпреварот е закажан за утре, сабота, 6.октомври со почеток од 19 часот и 30 минути. Нашиот противник како и Вардар Јуниор по воведните три кола има две победи и еден пораз и еднаков број на бодови.