Во сабота и недела нови натпревари во лигата ќе одиграат младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.
Последното есенско коло во недела ќе го одиграат пионерките предводени од Платон. Тие гостуваат на екипата на Куманово, во обид да стигнат и до петтата последователна победа во рамките на групата 1 од пионерската лига. Мечот во недела ќе започне од 12:30 часот.
Кадетките на Вардар во рамките на 6.коло од групата 2 се домаќини на екипата на Кале М.К.Вардар. Нашите надежи имаат учинок од 3 победи и 1 пораз, а во едно коло беа слободни. Натпреварот ќе се одигра во сабота, во малата сала на С.Ц.Јане Сандански со почеток од 12:30 часот.
Кадетите на Вардар ќе атакуваат и на петтата последователна победа, во рамките на групата 1 од кадетската лига. Избраниците на Будимир во недела се домаќини на екипата на Бутел, меч кој ќе се одигра во големата сала на С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 16:30 часот.