Голманот на Вардар, Дејан Милосављев втор пат оваа сезона се најде во ТОП-5 изборот на најдобри одбрани. Српскиот чувар на мрежата на црвено-црните имаше 9 одбрани на дуелот против Рајн-Некар, а една од нив е прогласена за втора најдобра во 4.коло од Лигата на Шампионите и тоа во последната минута од мечот, кога Милосављев го запре ударот не Петерсон.
Број еден одбраната е за Роланд Миклер, кој одбрани пенал на Џукиќ, за триумф на Веспрем во Белорусија. Најдобрите одбрани во ова коло можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.