Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Верувале или не! Настап кој ќе остане во аналите на спортот, Макпетрол играл сам против “никој“ и победил
Куглање: Верувале или не! Настап кој ќе остане во аналите на спортот, Макпетрол играл сам против “никој“ и победил

Куглање: Верувале или не! Настап кој ќе остане во аналите на спортот, Макпетрол играл сам против “никој“ и победил

Не знаме како да го започнеме овој текст, во Македонската кугларска лига се случи нешто навистина бизарно. Екипата на Макпетрол, која треба да биде пример за овој спорт како шампион направи потег за презир или подобро речено потсмев. Тие “одигра“ сами цело коло, да сами од шест екипи во лигата никој не одиграл, а и тие имале меч против “воздухот“.

Кугларската федерација на Македонија има нов претседател кој очигледно не е по воља на Макпетрол, па решиле заедно со веќе минатот раководство да го одиграат првото коло. Но, тие настапиле сами  и во билтенот за мечот со Вардар се внесени нивните скорови и впишана нивната победа. Веќе изминатото раководство на вториот дуел доделио службена победа, а третиот не го впишале вооопшто со тоа со настап на една екипа од шест, “верификувале коло“.  За полесно разбирање на овој несватлив потег погледнете го билтенот кој им стигнал на сите екипи во МКЛ. Минатиот викенд по иницијатива на четири клуба се одржа вонредното собрание на кое се смени актуелната управа на федерацијата и истите решија дека по оформувањето на целосната структура ќе се одигра ова сезона.

43538235_10156675130629231_5729365598383636480_n

Дали некаде во било кој спорт еден тим одиграл цело коло сам, проверивме но досега не најдовме податок, останива да провериме во Јужен Судан и  Северна Кореја… :)

Навистина ова погоре покажува вистински недостик на спортска почит, иако може да се разбере таков без потребен потег од управата на тимот кој иако има големо име во спортот има мал спортски капацитет Макпетрол, сосема неразбирливо е однесувањето на нивните играчи. Тие излегле на “мегдан“ против огледалата во кугланата при С.Ц “Б.Тајковски“  и според остварените бројки жестоко се бореле за победа, односно имаат резултати кои се стандардни за нив, и постигнување на истите треба максимална концетрација. Очигледно се работи за спортисти со одличен квалитет како куглари, но апсолутно без грам спортски респект кон овој мал спорт, колегите од лигата и од Вардар, но и сами себе, да играш “доволно“ за да дојдеш до “ техничка“ победа е разбирливо, ама да играш максимално на меч на кој немаш ривал. ..хмм