Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес ЖРК Вардар атакува на третта победа во низа, Гевгелија гостува во “Јане Сандански“
Денес ЖРК Вардар атакува на третта победа во низа, Гевгелија гостува во “Јане Сандански“

Денес ЖРК Вардар атакува на третта победа во низа, Гевгелија гостува во “Јане Сандански“

Подмладениот ЖРК Вардар одлично започна во нашата лига, денес попладне ќе има прилика да “врзе” третта победа во серија. Во последните два дуела дојдовме до две победи, најпрвин во Прилеп ја совладавме екипата на ЖРК Деспина, потоа победивме дома на еден интересен дуел со екипата на Стружанка. Ние по одиграни пет кола имаме 10.бода, три пати победивме, еднаш игравме нерешено и имаме пораз само од лидерот ЖРК Металург.

Денес сме домаќини на екипата на ЖРК Гевгелија, овој дуел е закажан за 19-30 часот и истиот ќе се игра во големата сала при СЦ “Јане Сандански“-Скопје.  Нашиот ривал досега успеа во минатите пет кола да собере шест бода, или четири помалку од нас.