Од денес се пуштаат во продажба билетите за следнитге два натпревари на Вардар во Лигата на Шампионите. На 3 ноември Вардар е домаќин на Мешков Брест, а следниот викенд на 11 ноември ќе ја пречекаме Барселона во СЦ „Јане Сандански”
Во продажба се пуштени поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.
Цената на поединечните билети за дуелот со Мешков и со Барселона се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите
Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk