Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Европската титула со Вардар е мојот најголем успех и јас сум горд на тоа
Гонзалез: Европската титула со Вардар е мојот најголем успех и јас сум горд на тоа

Гонзалез: Европската титула со Вардар е мојот најголем успех и јас сум горд на тоа

Човекот кој успеа со Вардар да го направи најголемиот успех за себе и за клубот, Раул Гонзалез од оваа сезона се наоѓа на кормилото на најбогатиот тим во Лигата на Шампионите, тоа е екипата на ПСЖ. Негова задача е да го повтори истиот успех и со “светците“ и да го направи она што не им успеа на претходните тренери. Во интервју за ЕХФ, меѓу другото Раул зборува и за времето кое го помина во Вардар, клуб за кој го врзуваат само убави спомени и моменти.

На прашањето што научил за четирите поминати години во Вардар, Раул ја истакна коминикацијата меѓу него и играчите, што според него е многу важно.

-Секогаш мора да се обидеш да го направиш она што го сакаш со тимот. Тренерот и играчите треба да размислуваат заедно, да не бидете изолирани од нив. Исто така за да направете промени потребно ви е време.

Освоената Европска титула со Вардар е неговиот најголем успех, истакна Гонзалез.

-Еден од најголемите и тоа од многу причини. Многу работевме за да ја оствариме оваа цел и сетоа она што го вложивме се исплатеше и јас сум горд на тоа. Станува збор за Лигата на Шампионите, што значи сте победиле многу добри екипи во Европа, а нема многу други такви нешта во ракометот.

Раул направи споредба на работата во Вардар и ПСЖ. Француското првенство е далеку посилно од македонската лига, како еден од факторите кои ги спомена во интервјуто.

Многу ! Само погледнете ја лигата, овде е многу силна и секој тим може да ве победи, ако не играте на највисоко ниво. Во Вардар, можев повеќе да се фокусирам на ЛШ. Исто така, многу различна е организацијата во клубот. Работев четири години во Вардар со комплетно различен менталитет и со различни играчи ко имаа различни карактеристики и повторно успеавме да направиме голем успех. И овде работиме многу добро, напредуваме. Најважно е, според мене, работата, не талентот. Можете да бидете талентирани и вешти, но ако не работите напорно нема да одете далеку, истакна Раул.