Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Претседателот на Боречкиот клуб ВАРДАР пресече- разрешен секретарот
Претседателот на Боречкиот клуб ВАРДАР пресече- разрешен секретарот

Претседателот на Боречкиот клуб ВАРДАР пресече- разрешен секретарот

Согласно законот и статутот на одржаниот состанок на Управниот Одбор на 30.09.2018, според Претседателот Далибор Милановски – пресече….
На одржаниот состанок на УО на 30.09.2018, според претседателот г-дин Далибор Милановски како основна причина за влошената активност на клубот во однос на стручна, правна и организациска комуникација и коренсподенција беше секретарот Љубомир Лазаревски, за кој на предлог на претседателот се разреши од функцијата секретар на БК ВАРДАР.
h1 h2
Претседателот наведе неколку ситуации каде што секретарот извршувал дејности за кои немал овластување.Со тие дејности нанесол многу големи штети на членовите и управата на БК””Вардар”. Имено капак на сите збиднувања беа дека секретарот од пред 4-5 месеци самоволно го отстранил клубот од комуникација со ФБСМ и останатите спортски институции со тоа што официјалната електронска адреса ја заменил со својата “лична” и притоа не ги проследувал добиените информации до надлежните од клубот.
h3
Поради таа изолација,  неинформираност и дезинформации од страна на секретарот дојдовме до заклучок дека токму тој е причината за влошената активност на клубот и треба да биде отстранет и разрешен. Управниот Одбор на клубот “едногласно” Љубомир Лазаревски го разреши од функцијата и на негово место беше именувана како нов Секретар на БК ВАРДАР Г-ѓа Анета Рангелова , која што заедно со Претседателот ќе бидат единствени личности за коренсподенција со институциите , надлежните органи и ФБСМ , со официјалната електронска пошта vardar_wrestling@yahoo.com .
h4 h5
На уредно врачената одлука Лазаревски многу негативно изреагирал , при што одбил да ги предаде и врати на клубот печатите и штембилот кои нелегитимно ги поседува , а за уцените и изнудите кои ги упатил до клубот околу враќањето на архивата – поднесена му е Поплака до внатрешните органи , и напомена дека за злоупотреба ќе му биде поднесена кривична пријава . УО и Претседателот Далибор Милановски , поранешните штембил и печати ги прогласија за неважечки и во иднина ќе се користат само печати со ЛОГОТИПОТ на БК Вардар (registered trademark symbol ®) .
h9
Управниот Одбор одлучи членството да се намали на 7 членови и во бордот да влезат претставниците на спонзорските фирми со кои што се потпишани и нотарски заверени договори за права и обврски . На следниот состанок ќе се разгледаат прашањата околу членовите кои не го почитуваат кодексот на однесување , бидејќи се поднесени неколку дисциплински пријави , претседателот најави укори и санкции