Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Напорен период за РК Вардар, од Киелце директно за Загреб, каде во вторник играат меч во СЕХА-лигата
Напорен период за РК Вардар, од Киелце директно за Загреб, каде во вторник играат меч во СЕХА-лигата

Напорен период за РК Вардар, од Киелце директно за Загреб, каде во вторник играат меч во СЕХА-лигата

Вардарци ги очекува напорен период со оглед дека за три дена треба да одиграат два тешки натпревари. Во петок, црвено-црните заминуваат за Киелце, каде во недела го играат дуелот против шампионот на Полска. Избраниците на Гарсија Парондо атакуваат и на петтата последователна победа, но нема да биде ни малку лесно со оглед дека во Киелце тешко се освојуваат бодови.

После завршување на овој натпревар, вардаровата екпедиција директно ќе се упати за Загреб, каде пак во вторник ги чека меч од СЕХА-лигата, против екипата на ППД Загреб. Уште еден дерби меч за Вардар, кој исто така ќе се обиде да ја продолжи серијата на победи и во ова натпреварување, каде е неприкосновен на врвот на табелата.Дуелот во вторник е закажан да започне од 17:30 часот.