Тимот на ЖРК Вардар денес беше домаќини на екипата на ЖРК Гевгелија, овој дуел кој се играше во големата сала при СЦ “Јане Сандански“ го добија девојките на Симе Симовски и Драгана Ристова. Вардарки се светла иднина на мак.ракометот тие иако на возраст од кадети добија прилика да играат во сениорска лига покажаа голема зрелост, врзувајќи три победи по ред. Досега имаме четири победи, едно реми и тоа несреќно во последен напад и само еден пораз.
На денешниот меч најпрвин преку Петковска и Седлоска ние отворивме на почетокот со 2-0, таа разлика ја зачувавме се до 5-3. Следеше период во кој девојките на Гевгелија имаа повеќе од играта па со мини серија 1-3 изедначија на 6-6. Се играше рамноправно, двата колектива по шест пати ја затресоа мрежата на противникот за 12-12, резултат кој е клучен во овој дуел. По постигнувањето на 12-тиот гол гевгеличанки кои притоа поведоа со 11-12 застанаа, нашите девојки добија “крилја“ во одбраната играа жестоко во нападот казнуваа и со серија до крајот на првиот дел не дозволија ниту еднаш да се затресе мрежата. Во напред црвено-црната композиција беше одлична и со шест гола го однесе дуелот на одмор со резултат 17-12.
Вториот дел почна како и првиот со наша доминација, ние отворивме со неколку гола повеќе од противникот, на два наши погодоци противникот одговораше со еден. Па на средината од вториот период водевме со осум плус, 24-16 и најавивме дека ќе дојдеме до нова победа, третта во низа за овој млад состав предводен од Пецевска и Симовски. Нашите и како млади девојки многу искусно го приведоа дуелот кон крај, задржувајќи ја предноста и зголемувајќи за еден погодок. На крајот на семафорот во салата “Јане Сандански“ стоеше резултатот 31-22 во наша корист.
Кај нас најефикасна беше Николиќ Милица со пет гола, апак Диневска Бојана и Миновска Сара имаа по четири погодоци, на голот одлична беше Илиќ Андреа со 8 одбрани.