Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарецот Грегор Оцвирк ќе дебитира во сениорската селекција на Словенија
Вардарецот Грегор Оцвирк ќе дебитира во сениорската селекција на Словенија

Вардарецот Грегор Оцвирк ќе дебитира во сениорската селекција на Словенија

Младиот играч од Словенија, кој го засили РК Вардар, Грегор Оцвирк ќе добие можност да дебитира во наионалниот дрес. Поранешниот вардаров тренер, а моментално селектор на словенската репрезентација, Веселин Вујовиќ го повика младиот Оцвирк, за првите два меча од квалификациите за Европското првенство, против Латвија на домашен терен и против Естонија на гостински терен во Талин.

После повредата на Сергеј Горбок кој ќе го одалечи подолг период од терените, Вардар се реши да го ангажира најдобриот играч на младинската ракометна репрезентација. Оцвирк прикажа добри игри на младинското Европско првенство, што беше повод и за Вујовиќ да го повика во сениорскиот тим.