Претстојниов викенд активни во рамките на 6.првенствено коло ќе бидат само пионерските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Шкупи. Натпреварите ќе бидат одиграни во сабота на теренот во Волково, со почеток од 10 и 12 часот.
Помладите пионери ќе се обидат да ја прекинат серијата од два натпревари без триумф и да ги совладаат врсниците од Шкупи, додека пионерите се наоѓаат во добра форма и забележаа две победи на последните два одиграни дерби мечеви, против Работнички и А.Пандев. Се надеваме на добра игра од страна на двете вардарови екипи во дуелите со екипата од Чаир.
Колото е одложено за кадетите и младинците, поради настапите на пет играчи од Вардар со младинската селекција до 19 години, која денес гостува во Варшава на селекцијата на Полска. Тоа се Али Адем, Стефан Наумески, Филип Антовски, Јакуп Бериша и Алекс Талески. Истава селекција на 16-ти октомври ќе гостува и на Англија.