Екипата на Загреб ја прекина серијата од 31 натпревар без пораз во СЕХА-лигата за Вардар. Избраниците на Лино Червар беа подобри во второто полувреме и на крајот славеа победа, изразена со резултат 26:23. Вардар не успеа да се рехабилитира од поразот во Киелце, па и на денешниот дуел не можеше да ја пронајде својата вистинска игра, која го красеше тимот на претходните мечеви. На прес-конферецијата после завршување на дуелот, тренерот на Вардар, Гарсија Парондо го изјави следново:
-Загреб денес беа подобри, мотивирани и поуспешни на крајот Не можевме целосно да се опоравиме по натпреварот во недела против Келце, но ова дефинитивно не е изговор. Мораме да играме подобро, без оглед на околностите и верувам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари.