Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на “Чунга“, ФК Вардар генер.2007 со нови две победи во Детската лига без примен гол
Момците на “Чунга“, ФК Вардар генер.2007 со нови две победи во Детската лига без примен гол

Момците на “Чунга“, ФК Вардар генер.2007 со нови две победи во Детската лига без примен гол

Денес на теренеите на ФФМ, се одигра ново коло од Детската лига во генерација родени 2007 година. Вардаровите тимови предводени од популарниот Чунга победија без примен гол. Вкупно  13 погодоци момците на Горан Петрески дадоа на двата меча.

3

Во првиот дуел со ФК Драчево влеговме фуриозно, тимот на ФК Вардар(1) рано отвори со гол за 1-0. Стрелец на истиот беше Стефан Младеновски. Потоа пропуштивме две големи прилики за погодок Грашески Александар и Златко Радевски шутнаа крај голот на ривалот. Имавме офанзива во целост доминиравме, во нападот неуспеавме да погодиме преку Младеновски и Емир Шаботиќ, голманот на противникот со две интервенции во последен момент ја спречи нашата радост. Од пенал за 2-0 сигурен беше Грашески Александар кој шутна силно и прецизно. Токму со неговиот гол за 2-0 заминавме на пауза.

2

Вториот дел почна на истоветен начин како и првиот со серија прилики за црвено-црните момци на Чунга. Шаботиќ и Киш Марко шутнаа крај голот, малку фалеше двата удара да завршат во мрежата на противникот. Првпат со одличен удар се закани Драчево, сепак со прекрасна парада одбрани нашиот голман Лука Јаневски. На сцена стапи Стефан Младеновски, имаше две големи шанси. Во првата топката мина крај голот во втората погоди за водство од 3-0.  Имавме повеќе од играта до крајот и за одбележување имаше уште две прилики. Ударот на Киш крај голот и погодокот на Марко Крстевски за 4-0. Токму со овој резултат се оконча дуелот помеѓу нашиот тим и Драчево.

4

Во вториот дуел ФК Вардар(2) се сретна со тимот на ФК Смиљковци и виско го порази со  9-0. На самиот почеток со голот на Џулијан Битиќи отворивме со 1-0. Имавме прилика и преку Јовановски Никола чии удар не заврши во мрежата. За 2-0 погодивме на атрактивен начин, осличен слободен удар изведе Лука Рајќин чии силен удар се “заби“ во мрежата.  До крајот на првиот дел имаме шанса преку Михаел Јорданоски кој се обиде со удар. Во последната прилика од пенал погодивме за 3-0. Успешно истиот го изведе Јовановски Никола кој шутна силно па голманот на ривалот немаше прилика за интервенција.

5

Вториот дел беше вистинска голеада, нашите момци играа креативно и погодуваа доста често. На почетокот Иван Блажевски зголеми на 4-0. Веднаш потоа со неговиот втор гол, Џулијан Битиќи ни донесе предност од 5-0 на овој дуел. Драган Лебариќ силно ја погоди стативата, а веднаш потоа Михаел Јордановски стрелаше за 6-0. Играта на противникот се распадна ние имавме максимален посед на дуелот.  Војо Стојановски погоди фантастично со неговата послаба нога, тој со лева силно по земја ја затресе мрежата на ривалот за 7-0. До крајот во мрежата на Смиљковци “испорачавме“  уште два гола. Стрелци на истите беа  Битиќи и Јордановски кои ги поставија конечните 9-0 на оваа средба.

6

За пофалба денес покрај момците во офанзивата во двата тима се и двете одбрани кои одиграа на ниво и ги сопираа нападите на ривалот. Нашите три голмани Лука Јаневски, Даниел Исајловски и Јовица Спасовки ги зачуваа своите мрежи.