Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ го промени мислењето, Вардар е претедент за пласман на Ф4 турнирот во Келн
ЕХФ го промени мислењето, Вардар е претедент за пласман на Ф4 турнирот во Келн

ЕХФ го промени мислењето, Вардар е претедент за пласман на Ф4 турнирот во Келн

Според најновиот ранкинг на ЕХФ, Вардар оваа сезона е еден од претедентите за пласман на завршниот турнир во Келн. После пет одиграни кола во Лигата на Шампионите, црвено-црните имаа одличен скор од четири победи и само еден пораз и тоа во минатото коло, откако на гостински терен бевме поразени од екипата  на Киелце. Сепак Вардар успеа да издвојува големи победи на гостувањата кај Монпелје и Веспрем, што беше и повод за експертите во ЕХФ да го променат мислењето од пред стартот на сезоната, кога Вардар не се најде ниту во ТОП-10 листата на екипи со шанси да се борат за трофејот.

„Роберто Гарсија Парондо очигледно го најде вистинскиот баланс за одново да го изгради тимот. Се уште е рана фаза и најважните мечеви во Групата А допрва доаѓаат, сепак тие импресионираа најмногу досега, стои во извештајот на ЕХФ.

Најголеми шанси за Европската титула, засега се даваат на Барселона, а потоа следат ПСЖ, Пик Сегед и Вардар. Во ТОП-10 листата се наоѓаат уште и екипите на Киелце, Рајн-Некар, Веспрем, Нант, Скјерн и Силкеборг.