Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардаровата одбрана не е на ниво во првите 30 минути, егал со Мешков
Вардаровата одбрана не е на ниво во првите 30 минути, егал со Мешков

Вардаровата одбрана не е на ниво во првите 30 минути, егал со Мешков

Вардар иако не игра добро во одбраната во првиот дел, сепак има егал 14-14. Гостинот на овој натпревар ја препозна слабата точка во одбраната на нашиот тим, па така речиси секој втор напад одеше преку Шишкарев кој принудно, место Борозан мораше да го составува бедемот пред голот на Милосављев со стандардните Криштопанс и Калараш.

Од друга страна, Милосављев се чини дека нема свој ден, па по 20-сетина минути беше заменет од Гедбан бидејќи нашиот прв голман малку чудно, има само две одбрани. Кон крајот на 22. минута во игра кај нашиот тим за прв пат влезе и Дисингер. кој играше во двата правци до крајот на првиот дел и не постигна погодок.

Очекуваме Вардар да ја поправи играта и да дојде до нова победа во Л.Ш.