Во недела, Вардар го очекува натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на Барселона. Тоа ќе биде дуел на првите две пласирани екипи на табелата во најсилната група А.
За овој меч, РК Вардар во петок ќе одржи прес-конференција на која ќе ги сподели очекувањата за неделниот натпревар против Барселона, истата ќе се одржи во петок со почеток од 12:00 часот.
Арената Јане Сандански е целосно распродадена за овој дуел, кој својот старт го има од 17:00 часот.